ПРВ.мк
Црна Хроника

НОЌНА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА ВО КУМАНОВО: Пронајдена голема количина дрога - еве колку лица се уапсени!

НОЌНА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА ВО КУМАНОВО: Пронајдена голема количина дрога - еве колку лица се уапсени!

Четири лица се лишени од слобода во Куманово во рамки на полициска акција поврзана со недозволена трговија со дрога и оружје.

На 26 септември 2026 година, околу 00:50 часот, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје и мобилниот тим „Task Force“ при СВР Куманово ги лишиле од слобода Р.С. (45) од Куманово, Т.К. (45) од селото Романовце, кумановско, Н.А. (39) од Куманово и 39-годишната М.К. од селото Биљановце, кумановско.

По судска наредба бил извршен претрес во домот на Р.С. Во моментот на претресот, во објектот биле затекнати и останатите три лица.

При претресот биле пронајдени повеќе пакувања со бела грутчеста материја, како и други предмети кои се од значење за понатамошната постапка.

Четворицата биле приведени во полициска станица, каде што се преземаат дополнителни мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

По комплетирањето на документацијата, против лицата ќе следуваат соодветни пријави до надлежните институции.