ПРВ.мк
Црна Хроника

НОЌЕН ПЕКОЛ ВО КАРПОШ: Млад скопјанец тешко повреден - ова се деталите!

НОЌЕН ПЕКОЛ ВО КАРПОШ: Млад скопјанец тешко повреден - ова се деталите!
Kristal

Дваесет и двегодишен жител на Скопје е хоспитализиран со тешки телесни повреди откако бил повреден во пожар што избувнал во импровизиран шатор на подрачјето на општина Карпош, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Според пријавата, на 20 декември 2025 година во 03:41 часот, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје било пријавено дека кај нив е донесен Р.М. (22) од Скопје со тешки изгореници по телото.

Како што информира МВР, повредите се здобил во пожар кој настанал во импровизиран шатор во кој живеел.

На местото на настанот бил извршен увид, а се работи на утврдување на причините за избувнувањето на пожарот.

FixCredit
Escape