ПРВ.мк
Црна Хроника

НАШОЛ ТУЃ ПАРИЧНИК И НЕ СЕ ДВОУМЕЛ: Дедо од Кавадарци си плаќал со туѓата картичка - еве колкава штета направил!

НАШОЛ ТУЃ ПАРИЧНИК И НЕ СЕ ДВОУМЕЛ: Дедо од Кавадарци си плаќал со туѓата картичка - еве колкава штета направил!

ОВР Кавадарци поднесе кривична пријава против 70-годишниот Р.Н. од Кавадарци поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски системи“.

Според пријавата, 70-годишникот претходно пронашол туѓ паричник, а потоа на 5 август 2026 година, без дозвола и согласност од сопственикот, ја употребил платежната картичка која се наоѓала во паричникот.

Со картичката, како што е наведено во пријавата, тој извршил наплата во четири наврати, при што се стекнал со противправна имотна корист во вкупен износ од 3.729 денари.