ПРВ.мк
Црна Хроника

МОРНИЧАВ СЛУЧАЈ: Уапсена жена за убиство на мачка и казнета со 30.000 евра!

МОРНИЧАВ СЛУЧАЈ: Уапсена жена за убиство на мачка и казнета со 30.000 евра!

Полицијата на грчкиот остров Закинтос уапсила 63-годишна жена под сомнение дека усмртила мачка, а за стореното дело ѝ била изречена висока парична казна од 30.000 евра.

Според информациите што ги објавила локалната полиција, жената, која живее во местото Ромири, била пријавена од сопственикот на животното. Случајот бил пријавен откако било откриено дека мачката е мртва.

Грчкиот портал „Катимерини“ пренесува дека случајот предизвикал реакција и кај локалните организации кои се занимаваат со заштита и благосостојба на животните.

Од Здружението за благосостојба на животните на Закинтос (ЗОМЗ) информирале дека станувало збор за возрасна мачка, за која постојат наводи дека жената ја усмртила со јаже. Засега не се познати мотивите што довеле до инцидентот.

По пријавата, полицијата постапила и ја лишила жената од слобода. За случајот се преземаат понатамошни мерки во согласност со грчките закони за заштита на животните.

Особено внимание привлече и информацијата за тоа каде се наоѓа телото на животното. Според надлежните, телото на мачката се наоѓа во ладилникот на сопственикот, каде што требало да остане до следниот ден.

Причината за тоа е што на островот се одбележувал празникот Свети Дионисиј, кој е неработен ден за локалното население, поради што дополнителните постапки биле одложени.

Случајот повторно ја отвори темата за заштитата на животните во Грција и строгите санкции што можат да следуваат при сериозни прекршувања на законите за нивна благосостојба.