Музичката сцена во Лос Анџелес е во шок по бруталната ликвидација на 22-годишната пејачка Делароса, која беше убиена во ноќна заседа во населбата Нортриџ. Нападот се случил околу 1:30 по полноќ, кога вооружени лица се приближиле до паркиран автомобил и otвориле оган од непосредна близина.
Според информациите од LAPD, во возилото имало три лица – сите застрелани. Делароса била итно префрлена во болница со приватно возило, но лекарите не успеале да ја спасат. Другите две жртви се во критична состојба.
Сведоци опишуваат сцена на вистински хорор: двајца вооружени мажи се доближиле до паркираната кола и започнале да пукаат без предупредување. Полицијата работи на претпоставка дека мотивот е поврзан со банда, но засега нема уапсени ниту официјални детали.
Делароса градеше подем на латино музичката сцена – со над 40.000 следбеници на Инстаграм и новиот сингл „No Me Llames“, издаден во август. Кариера која ветуваше – прекината за миг.
Истрагата продолжува, а Лос Анџелес бара одговори за уште едно убиство што ја потресе јавноста.
















