ПРВ.мк
Црна Хроника

Тинејџер работел за руската разузнавачка служба и ја запалил ИКЕА – за 10.000 евра и БМВ?!

Тинејџер работел за руската разузнавачка служба и ја запалил ИКЕА – за 10.000 евра и БМВ?!
Kristal

Украински тинејџер, кој според истрагата извршил палеж во име на руските разузнавачки служби, е осуден на три години и четири месеци затвор во Литванија. Судот во Вилнус утврди дека 17-годишниот Даниил Б. подготвувал терористички акт, нелегално чувал експлозиви и го предизвикал пожарот во продавницата на ИКЕА во мај 2024 година.

Истрагата покажала дека момчето добило конкретни инструкции и ветување од руски контакти – 10.000 евра и автомобил БМВ – за да изврши низа палежи на повеќе локации во Литванија и Латвија. Локалните власти случајот го поврзаа со серија саботажи ширум Европа, за кои постои сомнеж дека се дел од организирана мрежа што работи за сметка на Кремљ и е насочена против државите што ја поддржуваат Украина.

Осудениот тинејџер се соочува и со обвиненија во Полска, каде што, според тамошното обвинителство, учествувал во палежот што го уништи трговскиот центар „Меривилска 44“ во Варшава. Се верува дека ја снимил акцијата и видеото го испратил до своите руски претпоставени. Пожарот претставувал масовна интервенција – во гаснењето учествувале стотици пожарникари, а уништени биле околу 1.400 продавници.

Полскиот премиер Доналд Туск потврди дека пожарот е дело на организирани палежители кои делувале по налог на руските специјални служби. Тројца украински државјани веќе се осудени како членови на групата што го подготвила нападот.

Дополнително, полските истражни органи ги поврзаа истите структури со експлозии на железнички линии во ноември, што го нарекоа „невиден чин на саботажа“. Според властите, железничката инфраструктура – која се користи за цивилен и воен транспорт – останува примарна цел во хибридната војна што се води во Европа.

Москва ги негира сите обвинувања и тврди дека европските држави шират „русофобија“.

Escape