Во раните утрински часови на 24 ноември, во 04:00 часот, Гинеколошко-акушерската болница „Чаир“ пријавила сериозен случај во СВР Скопје: бидејќи околу 00:10 часот била донесена 15-годишна малолетничка од Скопје на породување.
Поради возраста на девојчето, полицијата веднаш интервенирала. Со нејзиниот 18-годишен вонбрачен партнер, Р.А., е спроведен службен разговор со цел да се утврдат сите околности и можни елементи на кривично дело.
Од МВР информираат дека по комплетно расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава до јавниот обвинител. Се работи на утврдување на точната природа на нивната врска, како и на тоа дали се злоупотребени законски прописи што го заштитуваат малолетничкото лице.
















