Затвореник на 33-годишна возраст од струшкото село Октиси починал во охридската болница откако бил донесен во тешка здравствена состојба, соопшти СВР Охрид.
Според информациите, случајот бил пријавен вчера околу 19 часот, кога К.Р. бил транспортиран од Затворот Охрид во Општата болница со возило на Итната медицинска помош. Лекарите веднаш презеле мерки за реанимација, но младото лице, и покрај сите обиди, подоцна починало.
По наредба на јавен обвинител, телото е предадено на обдукција за утврдување на точната причина за смртта. Обвинителството е известено и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
















