ПРВ.мк
Свет

Во позадина избива жесток судир: Три тајни точки што Рубио и Трамп не можат да ги усогласат

Во позадина избива жесток судир: Три тајни точки што Рубио и Трамп не можат да ги усогласат
Kristal

Американската дипломатија продолжува да притиска за забрзано финализирање на мировниот договор за Украина, а сцената доби неочекуван пресврт по потегот на Марко Рубио, кој предизвика реакција и од самиот Доналд Трамп. Според дипломатски извори, меѓу двете страни се појавиле три главни точки на несогласување, доволно сериозни за да го забават процесот што Вашингтон го смета за „критичен“ во наредните недели.

Во исто време, украинскиот претседател Володимир Зеленски и британскиот премиер Кеир Стармер одржаа состанок посветен на следните чекори кон мировен договор. Разговорите доаѓаат во момент кога во Украина повторно има жртви од ноќните руски напади, а Киев трпи нови прекини на струја и вода. Украинските сили возвратија со напад во Ростовската област, каде загинаа три лица, а неколкумина се повредени.

Зеленски по средбата со Стармер изјави дека дискусијата била „продуктивна“, но и дека некои точки од американскиот мировен предлог остануваат „многу чувствителни“ за Украина. До крајот на месецот тој ќе отпатува во Вашингтон на нова рунда разговори, во обид да се надминат дипломатските блокади.

Особено проблематичен дел на договорот е статусот на нуклеарната електрана Запорижја. Директорот на Меѓународната агенција за атомска енергија, Рафаел Гроси, предупреди дека објектот бара „посебен режим“, независно од тоа која страна ќе има контрола по евентуален договор. Според американскиот предлог, електраната би работела под надзор на IAEA, а произведената електрична енергија би се распоредувала помеѓу Русија и Украина – идеја што предизвика поделени реакции.

Гроси јавно порача дека ризикот од нуклеарен инцидент останува „реален и постојан“, бидејќи електраната е во „ладен режим“ и се потпира на надворешни системи за напојување уште од 2022 година.

Додека Вашингтон уверува дека новиот мировен план е „практично финализиран“, дипломатски извори повторуваат дека несогласувањата меѓу тимот на Рубио и Трамп се далеку од неважни – што ја отвора можноста процесот да се пролонгира подолго од планираното.

Escape