Млад скопјанец починал на една од клиниките во Скопје, откако бил донесен во бессознание, информира Министерството за внатрешни работи.
Според полицискиот билтен, на 24 септември 2026 година, во 16:54 часот, во Полициската станица Гази Баба било пријавено дека во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ бил донесен 35-годишниот Ф.Р. од Скопје.
Тој бил донесен без свест, а набргу потоа починал. Лекар ја констатирал смртта.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција, која треба да помогне во утврдувањето на причините за смртта.









