Сообраќајна незгода се случи денеска на булеварот „Св. Кирил и Методиј“, во близина на зградата на поранешна „Нова Македонија“, во центарот на Скопје.
Според првичните информации, во сообраќајката е повреден доставувач на храна од „Волт“, кој се движел со мотор.
На местото на несреќата можел да се забележи оштетениот мотор, додека полициски екипи го обезбедувале просторот и го регулирале сообраќајот.
Поради несреќата се создал метеж во овој фреквентен дел од центарот на градот.
Засега нема официјални информации за степенот на повредите на доставувачот, ниту за точните околности под кои дошло до сообраќајната незгода.









