ПРВ.мк
Црна Хроника

МЕЃУ ПРИВЕДЕНИТЕ И МАЛОЛЕТНИЧКА: МВР со акции против дрога во Скопје и Прилеп

МЕЃУ ПРИВЕДЕНИТЕ И МАЛОЛЕТНИЧКА: МВР со акции против дрога во Скопје и Прилеп

Во полициски акции спроведени во Скопје и Прилеп, лишени од слобода се вкупно 14 лица откако кај нив била пронајдена и одземена дрога, информира Министерството за внатрешни работи.

Во текот на 24 и 25 септември 2026 година, на повеќе локации во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Б.А.(44), М.Љ.(20), Х.Х.(37), С.С.(29), М.С.(40), Б.Б.(32), 22-годишната М.М. и 16-годишна малолетничка, сите од Скопје.

Приведени биле и Р.А.(47) од Арачиново, како и А.Ч.(27) и Т.Е.(23), двајцата државјани на Турција. Според МВР, кај лицата биле пронајдени и одземени марихуана, прашкаста материја, како и бела прашкаста и бела грутчеста материја.

Одделна акција била спроведена на 24 септември околу 12 часот, на местото викано „Три багреми“ во Прилеп. Полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода А.А.(45), Е.А.(46) и Н.А.(19), сите од Прилеп.

При преглед кај А.А. била пронајдена марихуана, додека во дворно место од куќата на Е.А. полицијата пронашла 18 пакувања со марихуана.

Од МВР информираат дека по целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.