Тригодишно девојче е тешко повредено во несреќа со лифт во станбена зграда во скопската населба Радишани. Детето било во лифтот со својата мајка и другите деца кога дошло до инцидентот.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен вчера во 20:00 часот, а несреќата се случила на 22 август околу 18:15 часот.
Мајката Е.З. (30) од Скопје пријавила дека додека се наоѓале во лифтот, неговата врата ненадејно се отворила и повторно се затворила, при што нејзината тригодишна ќерка била повлечена.
Девојчето при несреќата се здобило со тешки телесни повреди.
По инцидентот, детето било пренесено во Јавната здравствена установа „Св. Наум Охридски“ во Скопје, каде што биле констатирани повредите и му била укажана медицинска помош.
Случајот сега го истражува полицијата, која презема мерки за утврдување на сите околности под кои дошло до несреќата со лифтот.










