ПРВ.мк
Црна Хроника

ХОРОР ВО ГРАДИНКА: Две лица снимени како фрлаат череп во дворот каде играле деца!

ХОРОР ВО ГРАДИНКА: Две лица снимени како фрлаат череп во дворот каде играле деца!

Германската полиција трага по две лица кои, според снимките од надзорните камери, фрлиле череп преку оградата на една градинка во градот Рис, во западниот дел на Германија. Останките подоцна биле пронајдени од деца во дворот на установата, а постои сомнеж дека станува збор за човечки череп.

Децата првично помислиле дека станува збор за шега поврзана со Ноќта на вештерките, но случајот бил пријавен, по што полицијата го презела предметот и го испратила на испитување во Дуизбург.

Според информациите од германските полициски служби, на снимките од надзорните камери се забележуваат две лица како го фрлаат черепот преку оградата на градинката. Тие сега се предмет на потрага, додека истражителите се обидуваат да ги утврдат околностите на инцидентот.

Засега не е утврдено од каде потекнува черепот, ниту која е причината поради која бил оставен во дворот на градинката.

Од полицијата не ја исклучуваат можноста останките да потекнуваат од војник загинат за време на Втората светска војна, период во кој во ова подрачје се воделе интензивни борби.

Во регионот и претходно биле пронаоѓани скелетни останки при градежни активности и други земјени работи, поради историските случувања и борбите што се воделе на територијата.