ПРВ.мк
Црна Хроника

ХОРОР НА УЛИЦА ВО МАКЕДОНИЈА: Маж брутално претепан!

ХОРОР НА УЛИЦА ВО МАКЕДОНИЈА: Маж брутално претепан!

Педесет и тригодишен жител на Скопје пријавил дека во текот на ноќта бил физички нападнат од машко лице на подрачјето на општина Аеродром.

Според информациите од полицијата, случајот бил пријавен во СВР Скопје на 24 септември во 2:15 часот. Скопјанецот пријавил дека нападот се случил околу 1 часот по полноќ.

Инцидентот се случил на подрачјето на општина Аеродром, а засега не се соопштуваат дополнителни детали за идентитетот на лицето кое го извршило нападот, ниту пак за причините поради кои дошло до физичката пресметка.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот и за утврдување на сите околности поврзани со пријавениот настан.