Седумнаесетгодишник од Скопје е лишен од слобода откако против него била поднесена пријава од 40-годишна скопјанка за настан поврзан со нејзината 15-годишна ќерка.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 29 септември, во 16 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода 17-годишникот.
Според пријавеното, малолетникот наводно извршил сексуален чин со 15-годишната девојка, по што продолжил да ја следи и вознемирува, а од неа барал да му испраќа експлицитни фотографии и видео-снимки.
Случајот бил пријавен од мајката на девојката, по што полицијата презела мерки и го привела 17-годишникот.
Од МВР наведуваат дека постапката е во тек и дека по целосното документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.






