ПРВ.мк
Македонија

СИН ПРИВЕДЕН ПО НАПАД ВРЗ ТАТКОТО: Брутално го истепал својот татко во семјната куќа!

СИН ПРИВЕДЕН ПО НАПАД ВРЗ ТАТКОТО: Брутално го истепал својот татко во семјната куќа!

Полициски службеници од Полициското одделение Чашка вчера попладне го лишиле од слобода 27-годишниот Е.З. од село во општина Чашка, по пријава за семеен инцидент.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека настанот бил пријавен откако 27-годишникот, според пријавеното, во семејниот дом физички го нападнал својот 60-годишен татко.

При нападот, според информациите од МВР, биле употребени и тврди предмети.

За случајот биле известени јавен обвинител и Центарот за социјални работи Велес. Полицијата продолжува со преземање на мерки за целосно документирање на настанот, по што ќе следува соодветна пријава.