ПРВ.мк
Црна Хроника

ИНЦИДЕНТ МЕЃУ УЧЕНИЦИ: Малолетник нападнат за време на училишниот ден

ИНЦИДЕНТ МЕЃУ УЧЕНИЦИ: Малолетник нападнат за време на училишниот ден

Во скопската полиција вчера бил пријавен случај на физички напад врз малолетник во основно училиште на подрачјето на Чаир.

Според информациите од МВР, во 16:00 часот во СВР Скопје, 50-годишната Н.Е. од Скопје пријавила дека истиот ден, околу 11:40 часот, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од негов соученик.

Инцидентот се случил во основно училиште на подрачјето на Чаир.

Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.