ПРВ.мк
Црна Хроника

ИНЦИДЕНТ: Нигерец нападнал полицаец - МВР со детали!

ИНЦИДЕНТ: Нигерец нападнал полицаец - МВР со детали!
Kristal

Рано изутринава, на 21 декември 2025 година околу 04:30 часот, полициски службеници од СВР Скопје привеле 37-годишно лице пред угостителски објект во Градскиот парк во Скопје.

Станува збор за У.И.У., државјанин на Нигерија, кој поседувал американски пасош и лична карта. Тој бил лишен од слобода откако физички нападнал полициски службеник кој извршувал службена задача.

При полицискиот преглед кај него бил пронајден и одземен пиштол марка „Глок“, заедно со две рамки и вкупно 30 куршуми. За оружјето лицето не поседувало соодветна дозвола.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека по целосно расчистување и документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава против приведениот.

FixCredit
Escape