ПРВ.мк
Црна Хроника

ИМ НУДЕЛ „ПОМОШ“ ПРЕД БАНКОМАТ, ПА ИМ ГИ ЗЕМАЛ ПАРИТЕ: Приведен 50-годишник!

ИМ НУДЕЛ „ПОМОШ“ ПРЕД БАНКОМАТ, ПА ИМ ГИ ЗЕМАЛ ПАРИТЕ: Приведен 50-годишник!

Педесетгодишен жител на кумановското село Пчиња бил приведен откако, според полициските информации, им нудел помош на граѓани при подигнување пари од банкомат, а потоа ја користел нивната невнимателност за да им одземе дел од парите.

Од Секторот за внатрешни работи Куманово информираат дека осомничениот М.З. (50) бил приведен на 2 ноември, околу 10:30 часот, пред банка на улицата „Иво Лола Рибар“ во Куманово.

Полициските службеници го затекнале при извршување на кривично дело „затајување“.

Според пријавеното, 50-годишникот им пристапувал на граѓаните додека подигнувале пари од банкомат и им нудел помош при трансакцијата. Меѓутоа, искористувајќи го нивното невнимание, земал дел од парите што ги подигнувале.

Од СВР Куманово соопштуваат дека по целосното документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Најнови вести