Тешка трагедија го потресе американскиот град Маскатин во сојузната држава Ајова, откако маж усмртил шест лица на неколку различни локации, по што починал и самиот, соопшти локалната полиција.
Според првичните информации од истрагата, настанот започнал по семејна расправија, а истражните органи засега работат на верзијата дека случајот е поврзан со домашен конфликт.
Полицијата во Маскатин, град кој се наоѓа покрај реката Мисисипи, продолжува со собирање докази и утврдување на сите околности поврзани со трагичниот инцидент.
Надлежните институции засега не соопштуваат дополнителни детали, додека истрагата останува во тек.








