ПРВ.мк
Балкан

(ВИДЕО) СЕКУНДИ ДО КАТАСТРОФА: Силниот ветер му го откорна покривот, сцените се застрашувачки!

(ВИДЕО) СЕКУНДИ ДО КАТАСТРОФА: Силниот ветер му го откорна покривот, сцените се застрашувачки!

Силното невреме што денес зафати делови од Србија предизвика сериозни проблеми и материјална штета, а драматични сцени се снимени и во Краљево, каде еден жител за само неколку секунди останал без покрив на работилницата.

На видеото кое кружи на социјалните мрежи може да се види како силните налети на ветер го креваат и носат лимениот покрив, кој потоа паѓа среде дворот.

Особено вознемирувачки е фактот што во моментот на инцидентот во дворот имало лице кое за малку избегнало да биде погодено, бидејќи покривот паднал во непосредна близина.

Снимката, која трае само 28 секунди, покажува колку брзо временските непогоди можат да предизвикаат штета и опасни ситуации.

„Минута работа и работилницата остана без покрив?“, напишал сопственикот на објавата на Фејсбук, коментирајќи ја штетата што ја предизвикало невремето.

ВИДЕО