ПРВ.мк
Црна Хроника

СТРАШЕН ПОЖАР: Четири тела пронајдени во запалено возило!

СТРАШЕН ПОЖАР: Четири тела пронајдени во запалено возило!

Во јужниот дел на Amendolara, на бензинска пумпа, биле пронајдени пеплосани тела на четворица мажи во целосно изгорено комбе, соопштија италијанските власти.

Пожарот бил пријавен во текот на денот, по што на местото пристигнале пожарникари кои го изгаснале огнот. По интервенцијата, тие откриле четири тела во возилото.

Според првичните информации од истрагата, постои сомнеж дека жртвите биле мигранти од Пакистан кои работеле како сезонски земјоделски работници на блиски фарми.

Италијанската полиција ги разгледува сите можни сценарија, вклучувајќи и сомнеж за кривично дело, додека се чекаат резултатите од форензичката анализа и проверка на безбедносните камери од бензинската пумпа.

Областа Калабрија, каде се случил инцидентот, е позната и по присуството на организиран криминал, што дополнително ја прави истрагата чувствителна.

Засега, околностите под кои избувнал пожарот и починале мажите остануваат неразјаснети, а истражителите продолжуваат со работа за утврдување на вистината.