Вкупно 14 лица биле лишени од слобода во Скопје и Прилеп откако при полициски прегледи кај нив била пронајдена и одземена дрога, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Б.А.(44), М.Љ.(20), Х.Х.(37), С.С.(29), М.С.(40), Б.Б.(32), 22-годишната М.М. и 16-годишна малолетничка, сите од Скопје, како и Р.А.(47) од село Арачиново.
Во одделните случаи биле пронајдени и одземени марихуана, прашкаста материја, бела прашкаста материја и бела грутчеста материја. Меѓу приведените се и А.Ч.(27) и Т.Е.(23), двајцата државјани на Турција, кај кои исто така била пронајдена и одземена материја за која постои сомнение дека е дрога.
Во друг случај, вчера околу 12:00 часот, на местото викано „Три Багреми“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода А.А.(45), Е.А.(46) и Н.А.(19), сите од Прилеп.
При извршениот преглед кај А.А. била пронајдена марихуана, додека во дворното место од куќата на Е.А. биле пронајдени 18 пакувања марихуана.
Од МВР информираат дека случаите се документираат, по што ќе следуваат соодветни поднесоци согласно утврдените околности.







