ПРВ.мк
Црна Хроника

ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА: Пожарникар осомничен за дилерство - еве што се пронајде полицијата кај него!

ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА: Пожарникар осомничен за дилерство - еве што се пронајде полицијата кај него!

Припадници на Секторот за внатрешна контрола при МВР на Србија, во заедничка акција со Одделот за криминалистичка полиција при Полициската управа во Ниш и Вишото јавно обвинителство во Ниш, привеле двајца осомничени за кривични дела поврзани со неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, како и неовластено поседување наркотични средства.

Станува збор за припадник на Противпожарно-спасувачката бригада во Ниш, В.Р., и граѓанинот А.Ѓ. На двајцата им е одредено задржување до 48 часа.

При претресот и акцијата за апсење, по налог на јавен обвинител од Вишото јавно обвинителство во Ниш, кај В.Р., кој е осомничен за продажба на наркотични средства, биле пронајдени и привремено одземени поголема сума пари во различни валути.

Според МВР на Србија, кај него биле пронајдени 17.070 евра, 163.000 српски динари, 100 американски долари, 150 швајцарски франци и 100 македонски денари.

Покрај парите, од осомничениот биле одземени дигитална вага за прецизно мерење, ПВЦ амбалажа со видливи траги од наркотична материја, два мобилни телефони, како и две возила – „Land Rover“ и „BMW X3“.

При претресот биле пронајдени и вкупно 60 таблети лекови, односно по 30 таблети „Eloryqa“ и „Jamaks“, соопшти српското МВР.

Кај второосомничениот А.Ѓ., кој се сомничи за неовластено поседување наркотични средства, полициските службеници пронашле околу 7,5 грама зелена растителна материја за која постои сомнение дека е марихуана.

Кај него биле пронајдени и шест ПВЦ кесички со бела прашкаста материја која наликува на кокаин, со вкупна маса од 4,4 грама, како и еден мобилен телефон.

В.Р. и А.Ѓ. во законски предвидениот рок, со соодветна кривична пријава, ќе бидат изведени на сослушување пред Вишото јавно обвинителство во Ниш, каде што ќе продолжи постапката.

Истрагата треба да ги утврди сите околности поврзани со пронајдените предмети и материјали, додека осомничените до правосилна судска одлука се сметаат за невини.