ПРВ.мк
Црна Хроника

(ФОТО) ТАЖНА ВЕСТ: Атлетски клуб соопшти трагична вест - Ненадејно почина Ива, имаше само 18 години!

(ФОТО) ТАЖНА ВЕСТ: Атлетски клуб соопшти трагична вест - Ненадејно почина Ива, имаше само 18 години!
Kristal

Хрватската атлетичарка Ива Јовиќ ненадејно почина на само 18 години. Тажната вест ја објави на социјалните мрежи Хрватскиот академски атлетски клуб Младост, чиј член беше таа.

„Со неопислива тага и длабока болка, се збогуваме со нашата бескрајно сакана Ива Јовиќ. Таа почина ненадејно во вторникот“, соопшти клубот.

На последното натпреварување, Ива храбро се бореше на теренот и постигна личен рекорд во дисциплината скок во далечина. Овој успех ѝ донесе насмевка поголема од кога било, која ја користеше за да ги развесели сите околу себе. Таа насмевка стана нејзин препознатлив печат и подарок за сите кои ја познаваа.

Во последната битка на својот живот, Ива се бореше храбро и посилно од кога било – до самиот крај, со насмевка на лицето.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo