Научниците направиле неверојатно откритие – пчелиниот отров покажува потенцијал да уништи 100% од клетките на рак на дојка за помалку од 60 минути. Истражувачите истакнуваат дека во лабораториски услови, одредени соединенија во отровот можат директно да предизвикаат смрт на канцерогените клетки, без да ги оштетуваат здравите ткива.
Истражувањата се уште во рана фаза, но резултатите отвораат нови можности за третмани кои би можеле да бидат побрзи и поефикасни од сегашните терапии. Научниците веруваат дека со дополнителни тестирања и развој, пчелиниот отров може да стане алтернативен или дополнителен метод за лекување на рак на дојка.
Иако е резултат кој буди надеж, експертите предупредуваат дека сè уште не постои безбедна клиничка примена за луѓето и дека потребни се бројни тестирања пред овој метод да се користи како третман.
Ова откритие ја потенцира важноста од проучување на природни соединенија и нивниот потенцијал да обезбедат нови лекови за борба против сериозни болести како што е ракот.

















