Шокантна вест ја потресе Русија: поранешниот заменик-министер за труд и социјална заштита, Алексеј Скљар, беше пронајден мртов во својот дом во селото Поповка, област Филимонковски, јавуваат „Московски комсомолец“ и руската новинска агенција ТАСС.
Според информациите од медиумите, до телото било пронајдено оружје, а Скљар оставил и проштална порака на социјалните мрежи, во која го обвинил своето семејство, посебно сопругата, за причините што го довеле до овој трагичен чин. Итните служби кои пристигнале на местото забележале отворена врата и пронашле телото веднаш на влезот.
Алексеј Скљар имал богата кариера во државната администрација. Од 2018 до 2022 година ја извршувал функцијата заменик-министер за труд, каде бил одговорен за развој на информациски системи и обезбедување на владини услуги по електронски пат. Пред тоа работел во канцеларијата на Министерството за финансии во Краснодар од 2002 до 2013 година, а потоа во Сметководствената комора на Руската Федерација од 2013 до 2018 година.
Надлежните органи го истражуваат случајот, а околностите околу трагичната смрт на Скљар се уште се под надзор и ќе бидат објавени дополнителни детали откако ќе заврши увидот.


















