Полицијата уапси 28-годишник од село Романовце, Кумановско, кој не застанал на наредба, со возилото удрил во полициски службеник и се обидел да избега.
Инцидентот се случил вчера околу 22:30 часот во село Отља, Липковско, кога С.Ч. (28) управувал „Ауди А3“ со скопски регистарски ознаки. Тој не застанал на дадениот знак за запирање, удрил во полицискиот службеник и продолжил со движење.
Возачот застанал во близина на Романовце, го напуштил возилото и почнал да бега. Еден од полициските службеници испукал два предупредувачки куршуми во воздух за да го сопре.
Набргу, тој бил фатен, но при апсењето пружил отпор и физички нападнал полициски службеник.
С.Ч. е задржан во полициска станица, а против него ќе биде поднесена соодветна пријава по целосно документирање на случајот.

















