ПРВ.мк
Македонија

Брутална тепачка во авион што слетал на скопскиот аеродром - ова се деталите!

Брутална тепачка во авион што слетал на скопскиот аеродром - ова се деталите!
Kristal

Физичка пресметка се случила вчера во авион кој слетал на Меѓународниот аеродром Скопје од Германија, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Според МВР, во 17:00 часот во СВР Скопје, од страна на Граничниот премин Меѓународен аеродром Скопје било пријавено дека околу 16:40 часот, за време на летот, бил нарушен јавниот ред и мир со тепачка меѓу две страни.

Во инцидентот учествувале Г.Ф. (49) од Германија и 45-годишната Г.Ф. од Скопје, од една страна, и Ш.С. (38) од село Лопате, кумановско, од друга страна.

Од полицијата информираат дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo