Трудницата А.К. од Велес била донесена на Клиниката за гинекологија и акушерство (ГАК) во Скопје поради болки пред породување, велат нејзиното семејство за Инфомакс.
По преглед, таа била пуштена дома со образложение дека нема медицинска причина за останување во болница.
Сепак, болките се појавиле повторно, а состојбата ѝ се влошила, па била однесена во болницата во Велес, каде лекарите констатирале дека плодот нема срцева активност.
Семејството изразува сериозни сомнежи за лекарска негрижа и ненавремена медицинска интервенција и бара надлежните институции целосно да го испитаат случајот и да утврдат евентуална одговорност.
ГАК, од своја страна, ја негирала можноста за лекарска грешка.

















