ПРВ.мк
Свет

Трамп: „Тој е виновен, не сака крај на војната“

Трамп: „Тој е виновен, не сака крај на војната“
Kristal

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека украинскиот лидер Володимир Зеленски е оној што го спречува завршувањето на конфликтот во Украина, додека, според него, рускиот претседател Владимир Путин би бил подготвен за мировен договор. „Мислам дека тој [Путин] е подготвен да склучи договор. Мислам дека Украина е помалку подготвена да склучи договор“, рече Трамп во интервју за Ројтерс.

Трамп ќе се сретне со Зеленски на Економскиот форум во Давос следната недела, но засега нема конкретни планови за средба. Тој исто така посочи дека не бил свесен за евентуалното патување на својот зет, Џаред Кушнер, и специјалниот претставник Стив Виткоф во Москва, каде планирале да презентираат на Путин најновата верзија на мировниот план, кој е речиси целосно договорен со Украина.

По враќањето во Белата куќа во јануари 2025 година, Трамп често ги обвинуваше и Украина и Русија за одолговлекување на преговорите. Процесот на мир бил интензивиран во ноември со презентирање нацрт-план од страна на САД, кој потоа бил доработен со Украина и ЕУ.

Зеленски во декември изјави дека планот е 90% завршен, но територијалното прашање останува најтешко: Москва бара Киев целосно да го предаде Донбас, што Украина го смета за неприфатливо. Едно од предложените решенија е создавање демилитаризирана зона во Донбас, за што Украина би требало да прогласи 60-дневен прекин на огнот и да спроведе референдум.

Москва признава дека планот на САД може да послужи како основа за договор, но предупредува дека предложените мерки би можеле да го продолжат конфликтот.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo