ПРВ.мк
Црна Хроника

(ФОТО) АВТОБУС СО 20 ДЕЦА ИЗЛЕТАЛ ОД КРУЖЕН ТЕК И УДРИЛ ВО КУЌА: Возачот останал заробен, има повредени!

(ФОТО) АВТОБУС СО 20 ДЕЦА ИЗЛЕТАЛ ОД КРУЖЕН ТЕК И УДРИЛ ВО КУЌА: Возачот останал заробен, има повредени!

Училишен автобус во кој се превезувале околу 20 деца утринава удрил во ѕид од куќа во германскиот град Бад Олдеслое, во покраината Шлезвиг-Холштајн. По несреќата интервенирале екипи на итната медицинска помош, пожарникари и полиција, а засега не е познато колку лица се повредени и колку се сериозни нивните повреди.

Сообраќајната несреќа се случила околу 7:20 часот на улицата Зилцберг. Според првичните информации, од сè уште неутврдени причини автобусот поминал преку кружен тек, по што продолжил и удрил во ѕидот на една куќа. За настанот известува германскиот весник „Билд“.

По силниот удар, возачот останал заглавен во автобусот и било потребно да интервенираат спасувачките екипи. Полицијата потврдила дека една жена и неколку патници се здобиле со повреди, но точниот број на повредени сè уште не е утврден.

На местото на несреќата пристигнале медицински екипи, пожарникари и полициски службеници. Просторот околу местото на судирот е ограден, додека надлежните служби ги преземаат потребните активности и ги утврдуваат околностите под кои дошло до несреќата.