Нов случај на семејно насилство е пријавен во Скопје, откако 19-годишна жена пријавила дека била физички нападната од својот 35-годишен сопруг, кој притоа предизвикал и материјална штета во нивниот дом.
Инцидентот се случил на 28 октомври, а по пријавата на младата жена, полициски службеници презеле мерки и го привеле осомничениот маж.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 28 октомври околу 21 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Д. (35) од скопско.
Неговата 19-годишна сопруга претходно пријавила дека тој физички ја нападнал, а потоа со употреба на тврд предмет оштетил дел од покуќнината во нивниот дом.
По добиената пријава, полицијата постапила и го привела 35-годишниот маж, по што започнала постапка за целосно расчистување и документирање на случајот.
Од СВР Скопје информираат дека по завршувањето на сите потребни проверки и документирањето на настанот против него ќе следува соодветна пријава.








