Страшна трагедија го потресе Нови Сад, Србија, каде што едногодишно девојче починало од повреди, а полицијата ги уапсила неговите родители.
Според информациите од Вишото јавно обвинителство во Нови Сад, 33-годишната мајка, со иницијали А. Ш., е осомничена дека на 2 ноември ѝ нанела повеќе удари по телото на својата ќерка, родена во 2025 година, од кои детето починало.
Мајката е осомничена за кривично дело тешко убиство, за кое според српското законодавство е предвидена затворска казна од најмалку десет години или доживотен затвор.
Во врска со трагедијата е уапсен и 54-годишниот татко на девојчето, Т. Ш., кој се сомничи за непружање помош.
За ова кривично дело е предвидена казна затвор од три месеци до пет години.
Обвинителството започна истрага
Дежурен јавен обвинител извршил увид на местото на настанот и наредил обезбедување на сите материјални докази и траги, кои ќе бидат предмет на дополнителни вештачења.
На двајцата осомничени им е одредено задржување до 48 часа, во кој период треба да бидат сослушани во обвинителството.
Надлежните институции продолжуваат со истражните дејствија за целосно расветлување на околностите под кои починало девојчето.
Од Вишото јавно обвинителство во Нови Сад најавуваат дека јавноста ќе биде навремено информирана за понатамошниот тек на постапката.






