ПРВ.мк
Црна Хроника

СТРАШЕН НАПАД ВРЗ СТАРИЦА: Девојка ја притискала со перница и ја удирала - МВР со морничави детали!

СТРАШЕН НАПАД ВРЗ СТАРИЦА: Девојка ја притискала со перница и ја удирала - МВР со морничави детали!

Основното јавно обвинителство Скопје поведе истрага против 28-годишна жена, која е осомничена дека при семејно насилство се обидела да ја убие бабата на својот сопруг, со која живееле во семејна заедница.

Според информациите од Обвинителството, инцидентот се случил на 15 август во семејниот дом на улицата „Борис Бојаџиски“. Осомничената, според наводите, влегла во собата во која одмарала жената, родена во 1938 година, по што ја заклучила вратата.

Потоа, според сомнението, седнала врз повредената жена, ѝ ставила перница врз главата и ја притискала со намера да ја задуши. Во исто време, наводно ја удирала и со тупаници во пределот на главата.

Нападот престанал откако осомничената помислила дека жената починала. Потоа, за настанот му кажала на својот сопруг, кој веднаш повикал полиција.

Повредената жена била пренесена во болница, каде што лекарите констатирале нагмечувања во пределот на главата и вилицата, како и хематоми.

Против 28-годишната жена е поведена истражна постапка поради постоење сомнение за кривично дело „Убиство“ во обид, сторено при семејно насилство.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор.

Од Обвинителството наведуваат дека притворот е побаран поради околности кои укажуваат на опасност осомничената да го повтори делото, односно да се обиде да го доврши започнатото.

Најнови вести