ПРВ.мк
Црна Хроника

ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА ВО ВЕЛЕШКИОТ ЗАТВОР: Кај осуденик од Велес пронајдени дрога и таблети - еве каква казна му следува!

ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА ВО ВЕЛЕШКИОТ ЗАТВОР: Кај осуденик од Велес пронајдени дрога и таблети - еве каква казна му следува!

Во Казнено-поправната установа „Затвор Идризово – Отворено одделение Велес“ биле пронајдени таблети и марихуана кај 30-годишен осуденик од Велес.

Случајот бил пријавен на 25 јуни 2026 година во СВР Велес од страна на установата. Според пријавеното, недозволените материи биле пронајдени кај осуденикот К.А. (30) од Велес.

По пријавата, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес извршиле службен разговор со осуденикот.

Пронајдените предмети биле одземени и се преземаат дополнителни активности за целосно расчистување и документирање на случајот.

По комплетирањето на документацијата, против К.А. ќе биде поднесена соодветна пријава до надлежните институции.