Страшна трагедија кај Плетвар: Двајца загинаа, петмина повредени во судир при претекнување
Две лица загинаа, а пет други се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случила вечерва во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман. Според првичните информации од Јавното обвинителство, до трагедијата дошло при претекнување и судир меѓу два автомобила кои се движеле во иста насока.
Од Обвинителството информираат дека меѓу загинатите е и возачот на едното возило. Дежурен јавен обвинител извршил увид на местото на несреќата и издал наредби за прибирање траги и докази. Ќе биде спроведено и сообраќајно-машинско вештачење за да се утврди точната причина за судирот.
Телата на починатите ќе бидат подложени на обдукција, додека кај преживеаниот возач ќе се испита евентуално присуство на алкохол или други супстанции. Според Обвинителството, се преземаат сите неопходни дејствија за целосно расветлување на трагедијата.
















