Четири лица се повредени во сообраќајна несреќа во која учествувало и возило во сопственост на Министерството за внатрешни работи.
Според информациите од МВР, несреќата била пријавена на 26 август во 18:20 часот во ОВР Кичево, а се случила на магистралниот пат Гостивар – Кичево.
Во сообраќајката учествувале патничко возило „фолксваген шаран“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 26-годишниот Д.Р. од Скопје, и „рекстон“, сопственост на МВР.
Во судирот со телесни повреди се здобиле четворица сопатници од „шаранот“ – У.Ж. (67), У.Ж. (70) и Л.Т. (44), сите од струшкото село Велешта, како и Б.А. (22) од Скопје.
Повредите им биле констатирани во Медицинскиот центар во Кичево.
На местото на несреќата увид извршила екипа на ОВР Кичево.










