ПРВ.мк
Црна Хроника

БРУТАЛЕН НАПАД: Малолетник претепан од група лицa, докторите се борат за неговиот живот - ова е неговата состојба!

БРУТАЛЕН НАПАД: Малолетник претепан од група лицa, докторите се борат за неговиот живот - ова е неговата состојба!

Малолетник бил тешко повреден во физичка пресметка што се случила во Првомајска улица во Нови Пазар, во близина на џамијата Алтун-алем. Според првичните информации, во нападот учествувале повеќе лица, а повредениот по инцидентот бил пренесен и згрижен во Општата болница во Нови Пазар.

Лекарите кај малолетникот констатирале повеќе скршеници, а повредите биле квалификувани како тешки телесни повреди.

Засега не се познати точните околности што довеле до физичката пресметка, ниту идентитетот на лицата кои учествувале во нападот.

Нема ниту официјални информации дали полицијата досега ги идентификувала или пронашла лицата кои се сомничат дека учествувале во нападот. Истрагата треба да ги утврди сите околности на инцидентот и да покаже што точно се случувало пред и за време на пресметката.