Осуденик од Радовиш, кој избегал од затвор додека издржувал казна за тешка кражба, повторно е лишен од слобода и вратен во казнено-поправна установа.
Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, вчера околу 15:25 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Радовиш го уапсиле 23-годишниот Е.Б., по кого била распишана потерница поради бегство од „Затвор – Струмица“.
Тој бил правосилно осуден на затворска казна од пет години и 10 месеци за кривичното дело „тешка кражба“, а по бегството имал да доиздржи уште три години и осум месеци.
По лишувањето од слобода, лицето било спроведено назад во КПУ „Затвор – Струмица“, каде ќе продолжи со издржување на преостанатиот дел од казната.

















