ПРВ.мк
Црна Хроника

Трагедија во Дебар: Жена се удави пред очите на граѓани

Трагедија во Дебар: Жена се удави пред очите на граѓани
Escape

Во близина на градската плажа на Дебарско Езеро животот го загуби жена стара 40 години, која била извлечена од водата од случајни минувачи. Иако се обиделе да ја реанимираат, напорите биле безуспешни. Брзата помош пристигнала веднаш, но лекарот можел само да ја констатира смртта.

Според полицијата, на телото немало траги на насилство, а телото е предадено на обдукција. Ова е прв случај на удавување по повеќе од десет години, и доаѓа токму во лето кога на плажата – за првпат од 2017 – нема организирана спасувачка служба.

Mia Home Mavrovo