СВР Тетово поднесе кривична пријава против Н. М. (20) од село Пирок, општина Боговиње, поради постоење основи за сомнение дека сторил кривично дело „насилство“.
Според информациите, на 1 ноември 2025 година во Тетово, поради претходно недоразбирање во сообраќајот, пријавениот му нанел убодна рана на А. К. (20) од Тетово.
















