ПРВ.мк
Македонија

Нови клучни позиции во владата откриени: Беким Сали прв вицепремиер, а еве кој ќе раководи со животната средина

Нови клучни позиции во владата откриени: Беким Сали прв вицепремиер, а еве кој ќе раководи со животната средина
Kristal

Лидерот на коалицијата ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, денеска ги потврди најновите кадровски решенија за испразнетите министерски позиции.

За позицијата прв вицепремиер е предвиден актуелниот пратеник и поранешен министер за здравство, Беким Сали. Меџити истакна дека останува само да се дефинира со кое министерство ќе раководи Сали.

Поранешниот владин портпарол Мухамед Хоџа ќе ја преземе функцијата министер за животна средина и просторно планирање.

Во врска со информациите дека Башким Бакиу би можел да го замени министерот за здравство Азир Алиу, Меџити нагласи дека деталите за евентуални смени на ресори ќе бидат дополнително соопштени.

Што се однесува до претстојните повторени локални избори на 11 јануари следната година, ВЛЕН ќе настапи со нови кандидати за градоначалници во општините Гостивар и Врапчиште.

Премиерот Мицкоски потврди дека нема да има промени во распределбата на ресорите и дека политичките партии од коалицијата ВЛЕН ќе ги задржат местата што ги имаа досега.

Escape