На денешната средба во Цетиње, претседателката на Северна Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, се сретна со претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, при што беше потврдено традиционалното пријателство и меѓусебната соработка меѓу двете земји.
На средбата беше нагласена важноста на:
- заедничката стратешка цел за членство во ЕУ,
- европската перспектива на Западниот Балкан,
- предизвиците и можностите за нивно надминување,
- градењето добрососедски односи преку искрен дијалог и избегнување на ветото.
Милатовиќ ја истакна Црна Гора како земја-предводник во преговарачкиот процес со ЕУ и изрази силна поддршка за секој исчекор на Македонија во евроинтеграциите.
Сиљановска-Давкова нагласи дека барањето на дополнителни услови надвор од Копенхашките критериуми може да го доведе во прашање почитувањето на основните вредности на ЕУ, која без нив се сведува на политичка и бирократска машинерија.
На крајот од средбата, претседателката ја упати поканата за возвратна официјална посета на Милатовиќ во Северна Македонија, која беше со задоволство прифатена.
Двајцата лидери го посетија и Музејот на Крал Никола во Цетиње, за време на нивното учество на Балканскиот форум за интеграција 2025.
















