Попладнево, 28 ноември 2025, околу 17:45 часот, поради обилни врнежи од дожд, Калковска Река повторно излезе од коритото на регионалниот пат Р1105, на делницата помеѓу село Јосифово и село Пирава.
Како последица на тоа, сообраќајот за сите видови моторни возила е пренасочен кон магистралниот пат А1, од село Удово кон село Марвинци, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, додека на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.















