Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес соопшти дека неговиот шеф на кабинет, Андриј Јермак, ја поднел оставката.
Зеленски истакна дека ова е дел од внатрешни реорганизации и дека не сака јавноста или медиумите да поставуваат прашања за Украина во овој момент. Тој додаде дека наскоро ќе биде назначено ново лице на функцијата шеф на кабинетот.
„Прво: Кабинетот на претседателот на Украина ќе назначи ново лице за свој шеф – шефот на кабинетот, Андриј Јермак, ја потпиша својата оставка“, рече Зеленски во своето вечерно обраќање, пренесува Интерфакс Украина.














