ПРВ.мк
Топ Вести

Дел од пензионерите во понеделник ќе протестираат пред уставниот суд - ова е причината

Дел од пензионерите во понеделник ќе протестираат пред уставниот суд - ова е причината
Kristal

Хаосот со пензиите во Македонија продолжува, бидејќи пензионерите сè уште не знаат дали најавеното линеарно зголемување на пензиите ќе се реализира. Поради тоа, во понеделник, 1 декември, со почеток во 11 часот, пензионерите од целата држава ќе протестираат пред Уставниот суд во Скопје.

Од Фондот на пензиско и инвалидско осигурување (ПИОМ) смируваат и нагласуваат дека исплатата на пензиите се одвива нормално. Според нив, веќе на први декември 2025, пензионерите ќе ја добијат ноемвриската пензија, со вкупен износ од 9,297,493,427 денари.

Од Фондот посочуваат дека Владата ја гарантира исплатата на пензиите и дека исплатата ќе продолжи да се врши секој први во месецот и во 2026 година. Исто така, за наредната година, Владата во Буџетот ќе обезбеди речиси 151 милијарда денари за исплата на покачените пензии, здравственото осигурување на пензионерите и транзициските трошоци за трите пензиски друштва од вториот столб.

Партиските препукувања на оваа тема продолжуваат. СДСМ реагира дека владата на ВМРО-ДПМНЕ создала хаос со исплатата на пензиите, ги излажала пензионерите и се обидува вината да ја префрли на други. Според партијата, методологијата за усогласување што ја предлагаа ДПМНЕ требаше да донесе повеќе пари за пензионерите, но истовремено да не ја загрози одржливоста на Фондот, кој има дупка од над една милијарда евра. Дополнително, 12.000 пензионери биле исклучени од зголемувањата согласно Законот за пензиско и инвалидско осигурување.

Премиерот Мицкоски пак, не сака да го коментира она што го кажува СДСМ, нагласувајќи дека за кратко време ќе стане јасно кој создава хаос.

Линеарното зголемување формално важи додека Уставниот суд не донесе конечна одлука дали е во согласност со Уставот или не.

Escape