Вечерва во основното училиште „Бранко Божовиќ“ е примена пријава за бомба, објави црногорскиот портал „ЦДМ“.
Според информациите, пријавата дека во училишниот простор е поставена експлозивна направа пристигнала околу 17:00 часот.
Полицијата е известена и врши проверка на просториите, додека учениците се евакуирани, а наставата е прекината.
















