Повозрасна жена од Скопје е пронајдена почината во својот семеен дом во Кисела Вода.
На 24.10.2025 во 12:50 часот, И.С.Т. пријавил во СВР Скопје дека ја пронашол својата баба Д.С. (77) без знаци на живот во куќата. Според пријавеното, жената веројатно се слошило и паднала, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт.
На местото на настанот бил извршен увид од полициски екипи, а телото е предадено на обдукција по наредба на јавен обвинител.















